Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одби да одговори на прашање за неговата иднина во „Кралскиот клуб“ пред натпреварот со Наполи во Лигата на шампионите.

- Не сакам да зборувам за мојата иднина, изјави Анчелоти за „Marca“.

Тој кажа и што мисли за критиките кон тренерот на Барселона, Чави. Претходно беше објавено дека 43-годишниот специјалист може да биде отпуштен од каталонскиот тим.

- Чави, како и јас, е многу запознаен со фудбалот... Секако, има критики. Понекогаш тоа се случува, но Чави има искуство да се справи со сето тоа. Тој одлично ја познава нашата околина и мислам дека ги има сите ресурси да се справи со оваа ситуација, додаде италијанскиот фудбалски стручњак.

Денес се појави информација дека Манчестер јунајтед упатил понуда до Анчелоти. Воедно, раководството на Реал Мадрид најдоцна до крајот на годинава, сака да го продолжи договорот со 64-годишниот тренер. Неговиот актуелен договор со мадридскиот тим е до крајот на оваа сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2023 20:27