Раководството на францускиот фудбалски прволигаш Нант му врачи денеска отказ на тренерот Пјер Аристу по серијата слаби резултати оваа сезона.

„Нант особено сака да им се заблагодари на Аристу и неговите соработници за тоа што свои човечки квалитети и талент го ставија во служба на клубот и му помогнаа минатата сезона да остане во лигата“, се наведува во клупското соопштение.

Француските медиуми објавија дека Нант до крајот на денот ќе го назначи поранешниот тренер на Лил, Жослен Гурвенек, за наследник на Аристу.

Нант освои само еден бод во последните четири натпревари и се наоѓа на 11 место во француското првенство, заостанувајќи 15 бодови зад лидерот ПСЖ



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2023 07:48