Македонската фудбалска репрезентација има напредок од едно место на најновата ранг-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес и сега се наоѓа на 65. место.

Прогресот се должи на ремито со Англија во ноемвриските квалификации за Европското првенство.

Скокот на ФИФА-листата не е поголем поради поразот од Италија во претпоследното квалификациско коло за Еуро 2024.

На првите 10 позиции се: Аргентина, Франција, Англија, Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2023 04:58