Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике одговори на прашањето за големата зависност на ПСЖ од Килијан Мбапе.

Килијан Мбапе е најдобар стрелец на парижаните со 17 голови. Вториот стрелец на тимот има четири гола

- Би сакал тројца напаѓачи како Мбапе, секој од нив да постигне по 17 гола, но тоа е невозможно. Минатата година за ПСЖ играа три светски ѕвезди, а головите беа порамномерно распоредени. Во денешно време многу наши играчи постигнуваат голови. Не зависиме само од Килијан. Тој е многу важен за нас, но и другите играчи даваат гол. Ако не е Килијан, тогаш секако дека нема да имаме друг играч да постигне 17 гола. Но, можеби ќе има неколку, од кои секој ќе даде по 5 гола, изјави тренерот на ПСЖ.

ПСЖ попладнево го совлада Ле Авр со 2:0 во натпреварот од 14. коло на Лига 1, Мбапе беше стрелец на првиот гол.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2023 03:55