Тренерот на Барселона Чави одговори на гласините за можен отказ. Тој не чувствува дека неговата позиција е загрозена. Фудбалскиот стручњак изјави дека е среќен и има поддршка од претседателот на клубот.

-Сигурен сум дека оваа сезона ќе биде многу добра. Тимот игра полошо од минатата сезона, па не ги покажуваме очекуваните резултати. Треба да играме поконстантно, изјави Чави за „Marca“.

Барселона е трета во Ла Лига со 34 бодови, четири помалку од лидерот Реал Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2023 07:59