Сите 7.500 билети за егзибицискиот меч меѓу Карлос Алкараз и Роберто Баутиста Агут беа распродадени на денот на отворањето на продажбата.

Според „Еуроспорт“, продажбата започнала вчера во 12 часот, а приближно во 13:30 часот немало повеќе билети. Најевтиниот билет чини 5 евра.

Натпреварот ќе се одигра на 28 декември во Мурсија.

Дваесетгодишниот Алкараз е втор на АТП ранг-листа, додека неговиот сонародник од Шпанија, Агут се наоѓа на 57. место.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2023 22:44