- На денешната АТП листа најдобрите македонските тенисери немаат промени во пласманот.

Најдобар ранг во поединечна конкуренција има Калин Ивановски, кој се наоѓа на 325. место со 159 поени.

Горазд Србљак се наоѓа на 1.054. место со 10 поени, додека Обрад Марковски е рангиран на 1.463. место (скок две позиции) со три поени.

Во конкуренција на двојки Ивановски е на 673. место со 71 поен (скок една позиција), додека Берк Бугариќ е на 1.346. место со 16 поени (скок 10 места).

Марковски се наоѓа на 1.744. место со седум поени (пад за 127), а Елдин Хусеиновиќ се наоѓа на 2.118. место со три поени (пад за четири места).



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2023 19:50