Челниците за Европската пливачка федерација (ЛЕН) одлучија денеска Европското првенство во пливање идната година од 10 до 23 јуни да се одржи во Белград.

Првично ЕП требаше, да се одржи во Казан, но поради руската инвазија врз Украина и одложувањето на сите меѓународни настани во Русија, ЛЕН одреди нова локација.

Освен во пливање, Белград ќе биде домаќин и на натпреварувањата во далечинско и синхронизирано пливање, како и во скокови во вода.

ЕП во Белград воедно ќе биде и последна можност за исполнување на олимписката норма во овие спортови за настап на Игрите кои идното лето ќе се одржат во Париз



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2023 04:01