Организаторите на Австралија Опен денеска го објавија конечниот список со 224 учеснички кои ќе настапат во квалификациите на првиот календарски грен-слем турнир меѓу кои се најде и македонската тенисерка Лина Ѓорческа.

Дваесетидеветгодишната Ѓорческа во квалификациите на Австралија Опен ќе настапи како 216. рангирана на ВТА листата.

Квалификациите за настап на главниот турнир во Мелбурб почнуваат на 8 јануари и ќе се играат до 14 идниот месец.

Најзвучното име меѓу 224. квалификантки е британската тенисерка Ема Радукану која триумфираше на УС Опен во 2021 година, откако настапот на грен – слем турнирот во Њујорк го почна од квалификациите.

Во машка конкуренција во квалификациите на Австралија Опен ќе настапат 229 тенисери.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2023 23:28