Легендарниот фински возач во Формула 1, Мика Хакинен смета дека Мекларен е блиску до победи.

Поранешниот тим на Хакинен последен пат победи на Големата награда на Италија во 2021 година. Според двократниот шампион во Формула 1, Мекларен е способен да победи на трката во догледна иднина.

- Победата е многу блиску. Кога возев за Мекларен, многупати се најдовме во тешки ситуации. Некои Гран при беа многу разочарувачки, болидот воопшто не работеше. Јас и мојот партнер се жалевме како да нема утре - го поминав тоа. Сум видел лоши денови, и добри. Кога шетам низ базата после сите овие години, чувствувам дека сите се позитивно расположени. Тимот е многу блиску, но мислам дека и возачите и сите во Мекларен разбираат дека е потребно нешто повеќе. Мора да продолжиме да се развиваме и да ги наоѓаме вистинските решенија. Чувствувам дека победата е многу блиску. Не сакам да зборувам за среќа, иако понекогаш е потребно. Вака функционира овој свет - треба да верувате и во среќа. Но, тоа може да се случи, ја пренесуваат изјавата на Хакинен британските медиуми.

Во последните три сезона трките во Формула 1 поминаа во знакот на Ред Бул и нивниот прв пилот Макс Верстапен.

Во сезоната што измина, возачите на Мекларен завршија помеѓу десетте најдобри. Ландо Норис беше 6-ти, додека Оскар Пјастри го освои 9. место.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2023 16:58