Норвежанецот Магнус Карлсен ја одбрани титулата на Светското првенство во забрзан (рапид) шах на кое во узбекистанскиот град Самарканд настапија 202 шахисти од 44 земји.

Карлсен го освои првото место запишувајќи седум победи и шест ремија, пред второпласираниот Русин со словенечки пасош Владимир Федосеев и Кинезот Најгуижу Ју.

На женскиот турнир настапија 117 шахистки од 30 држави, а со освојувањето на светската титула сензација приреди интернационалниот мајстор Анастасија Боднарук од Русија, која на стартот беше рангирана на 61 место.

Боднарук запиша шест победи и пет ремија во 13 кола и заедно со актуелната светска шампионска во стандарден шах, Венјун Ју од Кина, останаа единствени непоразена во Самарканд



Автор: Администратор
Објавено на: 30/12/2023 00:47