Последната трка од Светскиот куп во алпско скијање во машката конкуренција во 2023 година заврши попладнево со триумф на Швајцарецот Марко Одермат на супервелеслаломот во Бормио.
Одермат триумфираше пред Австриецот Рафаел Хасер и Норвежанецот Александр Амот Килде.
За швајцарскиот скијач ова беше 28 победа во Светскиот куп, четврта оваа сезона и 11 во супервелеслалом.
Одермат сега води во генералниот пласман со 636 бодови, 172 повеќе од второпласираниот Австриец Марко Шварц, за кого сезоната предвреме заврши откако вчера ги повреди предните вкрстените лигаменти.