Вкупно 45 натпреварувачи ќе се појават попладнево на големата скокалница во Оберсдорф на официјалниот почеток на 72. издание на новогодишната турнеја „Четири скокалници“.

На вчерашните квалификации првото место го освои Германецот Андреас Велингер, додека првиот фаворит за титулата на ова престижно натпреварување Штефан Крафт од Австрија заврши дури седмопласиран.

По денешниот натпреварувачки ден во Оберсдорф, карванот се сели во Гармиш – Партнеркирхен, каде битката за трофејот е на програмата на 1 јануари, а потоа во Инсбрук на 3 јануари.

Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ ќе финишира на 6 јануари во Бишофсхофен.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/12/2023 05:03