Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој по едногодишна пауза се враќа на терените, изјави пред настапот на претстојниот турнир во Бризбејн дека не размислува за освојување на титулата, туку само сака повторно да ужива во тениската игра.

Триесетиседумгодишниот Надал ќе настапи на турнирот во Бризбејн, откако поради повреда на колкот последен пат се појави на тенискиот терен во јануари оваа година на Австралија Опен.

-Денес е невозможно да се размислува за освојување на турнирот. Тоа што е возможно е да е уживам во враќањето. Не очекувам многу. Сепак, една година бев надвор од теренот, изјави освојувачот на 22 грен – слем титули, кој два пати во кариерата триумфираше во Бризбејн.

Надал најави дека 2024 веројатно ќе биде последна година во неговата професионална тениска кариера.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/12/2023 05:09