Квалификацискиот натпревар за пласман во главната жрепка на АТП тенискиот турнир во Бризбејн меѓу Австриецот Доминик Тием и Австралиецот Џејмс Мекаби денеска мораше да биде прекинат поради змија која се појави на теренот.
Австралиските медиуми јавија дека станува збор за екстремно опасна змија, долга околу половина метар.
Со брза интервенција на обезбедувањето, змијата бил отстранетата од теренот и натпреварот продолжи.
Тием дојде до победа со голем пресврт добивајќи (2-6, 7-6, 6-4) го вториот и третиот сет, откако домашниот тенисер поведе по воведниот сет.