Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со скок од една позиција ја почнува новата 2024 година. Таа се наоѓа на 212. место со 364 поени.
За Ѓорческа претстои нов предизвик на стартот од следната недела, настап во квалификациите на Грен слемот Австралија опен.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад за четири позиции и се наоѓа на 368. место со 226 поени.
Од другите македонските тенисерки со пласман на ВТА листата, Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.211. место со девет поени и има пад од три места.