Репрезентацијата на Германија ја совлада Полска во финалето на Јунајтед купот 2024 со резултат 2:1.

Во првиот натпревар од финалето во поединечна конкуренција за жени, Ига Швјонтек ја победи Анжелик Кербер за водство на Полска. Во вториот меч, во машкиот сингл, Александар Зверев го совлада Хуберт Хуркач и го израмни резултатот.

Во решавачкиот меч, во мешани двојки, Лаура Зигемунд и Александар Зверев беа посилни од Ига Швјонтек и Хуберт Хуркач.

Покрај Анжелик Кербер, Лаура Зигемунд и Александар Зверев, во германскиот тим на овој куп беа и Максимилијан Мартерер, Татјана Марија и Кај Венхелт.

Јунајтед купот се одржа по втор пат во историјата. Првото издание се случи во 2023 година, кога победи тимот на САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2024 00:18