Најдобриот светски снукер играч Рони О’Саливен го опиша лондонскиот хотел „Александра Палас“ како „одвратно“ место за одржување на финалниот мастерс турнир.
„Едноставно не ми се допаѓа ова место. Одвратно е. Насекаде е валкано. Студено е, секаде морам да носам капут. Искрено, лошо ми е од ова место“, изјави O’Саливен за британските медиуми.
Лондонскиот хотел е изграден во 1865 година и е домаќин на мастерс турнирот во снукер од 2012 година. „Едвај чекам да заминам од тука“, рече О’Саливен, кој вчера во четвртфиналето на лондонскиот мастерс го совлада Бари Хоскинс.
Одговарајќи на критиките од О’Саливен, Светската сникер организација (WST) соопшти дека „работи заедно со хотелот да обезбеди најдобри можни услови за играчите на масата и надвор од неа“.