Штип денеска одбележа 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Делегации од Општина Штип, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, претставници на државни и локални институции, политички партии и од Општинската организација на Сојузот на борци-Штип денеска во штипско Ново Село пред спомен релјефот на големиот великан Гоце Делчев положија цвеќе.

Спомен релјефот на Гоце Делчев се наоѓа на зградата каде што тој учествувал, а сега е зграда на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип.

Пригодна реч за Делчев одржа Зоран Митев историчар и воедно директор на Општинското основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“-Штип.

Тој посочи дека Делчев есента 1894 година добил учителско место во штипско Ново Село, каде што веќе работел револуционерот Даме Груев, а во Штип веднаш почнал со активностите на Внатрешната револуционерна организација и активно се вклучил во проширувањето на организацијата. Во зградата на ректоратот на УГД-Штип се наоѓа спомен собата на Гоце Делчев во којашто се зачувани оригиналните клупи кога тој учителствувал, изложени се и свидетелствата, кој тој ги потпишал на учениците од штипско Ново Село.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2024 00:13