Водата во Скопје е безбедна за пиење и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 29 јануари до 2 февруари 2024 година, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

За анализа биле земени 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2024 16:37