Стјуардесата Керолајн Скен открива три поголеми грешки што патниците ги прават при резервирање авионски билети, а коишто често водат до непотребен стрес.

- Ако резервирате летови со два авиона, погрижете се да имате најмалку два часа слободни меѓу летовите. Авионите особено доцнат во текот на летниот период, појаснува Керолајн на својот интернет-простор.

Таа исто така советува туристите кои патуваат преку океан да одвојат три слободни часа меѓу летовите за да имаат доволно време да поминат низ царината без стрес. Предупредувањето тука гласи дека многу компании им даваат на патниците само 30 минути да се качат на друг лет.

Како втора најголема грешка, стјуардесата го наведе тоа што многу луѓе резервираат попладневни или вечерни летови. Таа смета дека е најдобро да се резервира лет што порано во денот, бидејќи така има помали шанси за доцнење.

- Знам дека не сакате да се будите во три наутро за да фатите лет во пет часот, но верувајте ми, колку (авионот) порано полетува, толку порелаксирано ќе биде патувањето, додаде таа.

Најголемата, трета грешка, според неа, е тоа што патниците не ја преземаат апликацијата на авиокомпанијата откако резервирале билет.

- Тоа може да помогне многу. Можете да дознавате дали има доцнења, податоците за превозот итн. Има толку многу информации на таа апликација, нагласи Керолајн.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2024 17:07