Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје почна со спроведување проект насочен кон подигнување на нивото на функционална писменост во основното и средното образование.

Како што информира Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, во проектот учествуваат и неколку основни и средни училишта во земјава.

Проектот се планира да биде долгорочен. Во првата фаза, која ја вклучува 2024 година, фокусот е на функционалната писменост во областа на јазиците, односно на развивање на вештините на читање со разбирање, поврзување информации од различни извори, критичко размислување и аргументација.

Од Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје информираат дека се планира соработка и со други институции, како и вклучување на други области што се изучуваат во основното и средното образование.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2024 17:43