Угостителските услуги во јануари годинава, во споредба со истиот месец од 2023, се зголемени за 6.3 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во однос на декември лани, пак, угостителските услуги поскапеле за 0.6 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци за 1.6 %, Безалкохолни пијалаци за 1.7 % и Ноќевања за 0.8 %



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2024 17:44