Градоначалникот на Општина „Горче Петров“ Александар Стојкоски со претставникот на ,,CNVP Foundation" Кристина Бужароска, денеска потпишаа Декларација за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени, информираат од Општина Ѓорче Петров.

Градоначалникот Стојкоски информра дека Општина Ѓорче Петров ја демонстрира својата посветеност за зачување на животната средина со активно учество на настанот фокусиран на „Локалниот пристап кон активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени“.

-Како локална самоуправа ги превземаме конкретните обврски наведени во Зелената агенда за Западен Балкан, нагласувајќи ја клучната улога што ја имаат општините во справувањето со еколошките предизвици, потенцира Стојкоски.

Воедно додава дека Општина Ѓорче Петров останува посветена на поттикнување на одржлива и еколошки свесна заедница, препознавајќи ја важноста на локалната акција во придонесот кон пошироките регионални и глобални еколошки цели.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2024 18:09