Со цел подобрување на патната инфраструктура и превенцијата во сообраќајот, односно зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот, Општина Илинден известува дека во континуитет го спроведува Проектот за подобрување на безбедноста во сообраќајот, патна сигнализација, пешачки патеки, кој, како што велат, има за цел подобрување на хоризонталната и вертикалната сигнализација.

- Во таа насока на повеќе локации во Општината е извршено поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација, така што извршено е бележење на улица „532“ во должина од 2 km, бележење на патот Илинден-Хиподром во должина од 2 km, бележење на улица „11“ во Кадино, поставени се и сферни огледала на неколку локации. Согласно сообраќајниот проект и согласност добиена од МВР, поставени се подигнати површини (легнати полицајци) кај новото училиште во Илинден, кај ООУ „Ристо Крле“ во Кадино и кај подрачното училиште во Мралино, соопштуваат од Општина Илинден.

Оттаму посочуваат дека и во иднина ќе продолжат со инвестициите во оваа област.

- Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, зашто последиците од нивното непочитување можат да бидат катастрофални, истакнуваат од Општина Илинден.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2024 18:12