Натпревар во кроење лозје е дел од програмата за одбележување на верскиот празник Свети Трифун во Демир Капија - ден кој се смета за заштитник на лозарите и винарите. Како што информираа денеска од службата за односи со јавноста при Општината, централната прослава ќе биде на 14 февруари.

– На агендата се настани со кои се прикажува богатото културно наследство на Демир Капија, традиционални ора и песни, дегустација на најдобрите вина од регионот, а присутните ќе имаат можност да уживаат и во талентот и креативноста на занаетчиите, соопштија од прес-службата при локалната самоуправа.

Од Општината најавија и базар за вино, ракотворби и традиционални производи



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2024 18:36