Службата на Општина Ѓорче Петров стартуваше со расчистување на теренот на поранешното тениско игралиште во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ – простор кој наскоро ќе добие целосно нов и модерен изглед на ново фудбалско игралиште. Од Општина Ѓоче Петров информираат дека ќе се направи ново школско фудбалско игралиште по сите современи стандарди, кое ќе биде наменето за децата од училиштето,како спортските здруженија и заинтересирани граѓани за спортување.

Градоначалникот Александар Стојкоски кој денеска ја посети локацијата каде се во тек подготовките потенцира дека нивните заложби за правилен развој и насочување на децата кон спорт се видливи.

- Ова е еден пример како да им се овозможи на најмладите жители на Ѓорче Петров да имаат соодветни услови за рекреативен и професионален спорт. Ние тука не застануваме. Имаме проекти со кои ќе ги мотивираме младите генерации да се одлучат за спортски активности, што е особено важно при нивниот психо-физички развој,потенцира Стојкоски.

Тој посочи дека Општина Ѓорче Петров, е синоним за добар фудбал, квалитетен ракомет, успешни кошаркарски имиња, млади кои ги освојуваат пинг-понг и бокс терените и дека тие се горди на нив.

Воедно најави дека затоа, Општина Ѓорче Петров на различни начини ќе продолжи да ги стимулира младите што повеќе да водат спортски живот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2024 00:11