Преку проект што го спроведува Центарот за развој на Југозападен плански регион, набавена е и монтирана опрема за физикална хидротерапија потребите на ЈЗУ специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“.

Притоа Центарот за физикална терапија во болницата е опремен со два кади за електротерапија за цело тело, единица за криотерапија и хидрауличен лифт за базен.

- Опремата директно ќе влиаје врз подобрувањето на условите за сите пациенти кои имат потреба од хидротерапија, со цел подобрување на услугите за хидромасажа и олеснување на пристапот до базенот и за пациенти кои имаат поголеми потешкоти при движење, информираат од Центарот за југозападаен плански регион.

Проектот „Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св.Еразмо“, е финансиран од на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа и кофинансиран од страна на ЈЗУ „Св.Еразмо“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2024 00:19