Времето ќе биде променливо облачно и релативно топло понекаде со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час) најизразен долж Повардарието. Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -0 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 16 степени.
За време на викендот ќе дува засилен ветер од јужен правец најизразен долж Повардарието и во источните делови (над 60 км/час). Преку ноќта кон недела во западните делови ќе има појава на повремен дожд, а потоа под влијание на влажен бран врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата. Повремено пообилни врнежи ќе има преку ноќта и во понеделник (над 20 л/м2) и ќе бидат проследени со услови за појава на ретки грмежи. Во вторник врнежите ќе престануваат, а дневните температури ќе продолжат постепено да опаѓаат.