Генералниот Конзулат на Грција во Битола, Северна Македонија и Здружението за пријателство и соработка со Грција, Пелагонија, организираа во петокот на 9ти Февруари 2024 година настан за одбележување на Светскиот ден на грчкиот јазик со тема „Грчкиот јазик надвор од границите на Грција: неговиот придонес и перспективи“.

Главен говорник на настанот беше професорката по применета лингвистика на Универзитетот на Западна Македонија, г-ѓа Елени Грива. Воведно излагање имаше раководителот на настава и сертифицирање на познавањето на грчкиот јазик на Здружението Пелагонија, г-дин Кристијан Велјанов.

На настанот беше прикажана видео порака од Заменик Министерот за надворешни работи на Грција, г-дин Јоргос Коцирас, и видео поздрав од Генералниот Секретар за грчката дијаспора и јавна дипломатија при грчкото Министерство за надворешни работи, г-дин Јанис Хрисулакис, додека Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, г-ѓа Софиа Филипиду, го поздрави настанот преку интернет конекција. Настанот го поздравија исто така Генералниот Конзул на Грција во Битола, г-дин Александрос Видурис, и Претседателот на Здружението Пелагонија, г-дин Евгениј Ристевски.

На крајот од настанот следеше церемонија за доделување сертификати за познавање на грчкиот јазик за 2023 година, како и почесни плакети на професорката г-ѓа Елени Грива и г-ѓа Кристина Петалоти, раководителка на Катедрата за меѓународни односи и односи со јавност на Универзитетот на Западна Македонија за нивниот придонес во ширењето на наставата по грчкиот јазик.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2024 20:05