Зголемен е бројот на срцеви и мозочни удари, но зголемен е и бројот на пациенти со инфаркт на нозете, како и проблемите со белите дробови. Според кардиолозите станува збор за последици кои се чувствуваат од корона пандемијата. Познатиот штипски кардиолог, воедно и началник на Одделението за кардиологија во Клиничка болница-Штип, Сашко Николов вели дека ако пред короната имале по 30 пациенти месечно, сега тој број е зголемен на 40 па дури имаат и до 50 стенитрања за еден месец.

-Сега месечно ни доаѓаат по 40 стентирања, некогаш и 50. Бројот на каротидни стентирања е зголемен за трипати, бројот на периферните пациенти кои доаѓаат со периферни болести можеме да кажеме и петпати зголемен од претходно. Самата корона пандемија направи рапидно зголемување и рапиден пораст на болестите кај пацинетите, имаме зголемен број на мозочни болести, на срцеви инфаркти, зголемен број на пациенти со инфаркти на нозете и на белодробието, вели Николов.

Тој истакнува дека се помлади пациенти страдаат од срцеви инфаркти, а се руши и митот дека жените се повеќе отпорни на вакви заболувања. Само во последните два месеци три жени под 38 години имале срцев инфаркт.

-Ако се веруваше женските хормони ги штитеа жените од срцеви инфаркти, гледаме дека во последниот период, еве последните два месеци имаме три млади жени под 38 години со срцев удар. Имаме млади момци од 27-28 години со тешки срцеви инфаркти, рече Николов.

Во однос на опремата која ја поседува штипската Клиничка болница, според Николов има доволно со која располагаат и може да им се излезе во пресрет на пациентите од источниот регион.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2024 22:49