Седмо традиционално зимско искачување на врвот Клепа се одржа денеска во чест на македонски планинари Александар Миновски и Калина Велевска кои загинаа на денешен ден 11 февруари во 2018 година искаќувајќи се на врвот Кајмакчалан.
Околу 500 учесници од повеќе планинарски друштва од земјава и неколку од Србија денеска се искачија на врвот Клепа на 1150 метри надморска висичина, а по патот запреа во шумата на Калина каде таа како учесник на првото искачување на Клепа на 4 февруари 2018 година само неколку дена пред нејзината смрт ги засади своето дрвце во шумата која наредната година беше именувана во Шумата на Калина. Организатори на походот и годинава беа Еколошката групација „Грин Пауер“ од Велес и Спортското планинарско еколошко друштво „Клепа“ од Росоман со подршка на Општина Градско и Росоман.
Веле Коцев за МИА, информира дека секоја година има се’ поголем интерс за ова традиционално зимско искачување на Клепа чија патека е во должина од 19,3 километри со висинска разлика од 1050 метри.
-Учесниците се собраа утрово во селото Сирково а кое е на 270 метри надморска височина, а каде беа топло пречекани од домаќините со домашни гурабии алва, домашен леб и чај од каде тргнаа се до Подлес. По пат учесниците ја посетија и се одморија кај Шумата на Калина. Потоа од Подлес се упатија кон врвот Клепа на 1150 метри. По негово искачување сите се спуштаа надолу по карпест и лизгав терен кон манастирот Св Архангел кој е на 410 метри надморска височина и е помеѓу селата Горно и Долно Чичево. Кај неговите конаците сите учесници се собраа и добија бесплатен ручек и пијлаок од организаторите се дружеа и споделија искуства од качувањето, и се одморија по напорниот поход, појасни Коцев.
Тие патеката која е средно тешко, ја изоделе во просек од седум часа
Калина Велевска и Александар Миновски загинаа трагично во бездна на денешен ден 11 февруари 2018 година искачување се на планината Ниџе на врвот Кајкамкачан во соседна Грција.