Во станиците за технички преглед во Дебар денеска не е почнато поставувањето на сообраќајни налепници со новиот код НМК.

-Немаме добиено вакви налепници. Најавено е дека ќе ни пристигнат, но до 13:30 часот немаме. Има поголем број сопственици на возила кои доаѓаат и се враќаат, велат од станиците за технички преглед.

Од полициски извори потврдуваат дека повеќе од сигурно е дека налепнците со кодот НМК ќе бидат дистрибуирани до утре, од кога ќе може да се ставаат на возилата.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2024 16:36