На покана на надлежниот епископ на Делчевско-каменичката епархија г. Марко, денеска по повод празникот посветен на „Светите Три Ерарси” во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица" во Делчево се отслужи Света Божествена литургија.

Со богослужбата чиноначалствуваше митрополит Брегалнички, г. Иларион, а истата се одржа во сослужение на епископот Стобиски г. Јаков и епископот Делчевско-каменички г. Марко.

Во своето обраќање пред верниците епископ Марко истакна дека денешниот празник слободно може да се нарече за празник на единството, бидејќи е празник кога дошло до помирување на црквата, кое било нарушено со поделбата на христијаните помеѓу трите големи учители на црквата Христова.

-Тоа единство кое денеска го славиме заедничкиот празник на овие тројца големи светители, големи столбови на црквата Христова. Ете имавме голема радост да ги изобразиме трите архиереи служејки тројца во нашава црква. Посебно ми е чест и висока радост што неговото високо преосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион кој беше надлежен за овој град кој денеска е одвоен во посебна епархија. Тој не пожали труд да дојде и да подели дарови на сите нас да ги раздели за здравје и спасение да не соедини со телото Христово. Му благодарам и на неговото преосвештенство епископот Стобиски, г. Јаков кој со убава беседа со одбрани зборови не поучи и го осветли денешниот празник ни објасни за светоста, не само на денешните светители туку и за светоста која треба да ја имаат сите христијани, рече епископ Марко.

На литургијата присуствуваа и градоначалниците на општините Делчево и Македонска Каменица.

-Имам огромна радост денеска кога се радуваме на радоста на овие три ерарси. И јас користејќи ја оваа прилика, се заблагодарувам и ја користам и јас да ја повикам благодатта Божја, да го повикам Господа по молитвата на овие три ерарси. Нека ја излее благодатта на сите нас, нека не укрепи во животот во искушенијата, да ги издржиме и да го изодиме патот кој ни е определен, патот кој не води кон царстворо небесно, кое го очекуваме сега и секогаш и во вековите, додаде г. Марко.

По завршувањето на литургијата, градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски го најави отворањето на резиденцијата на владиката г. Марко во Македонска Каменица. в



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2024 16:42