Населеното место Стар Караорман кое е во рамки на општина Штип ќе добие нова спортска сала. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција изјави дека станува збор за веќе изграден објект, кој општината одлучи да го адаптира и да има некаква намена, а во овој случај тоа ќе биде спортска сала. Целиот процес ќе биде со цел сите жители да добијат место за спорт и рекреација, а ќе биде реализиран од страна на општествено-одговорни компании. Градоначалникот Јорданов посочи дека кога ќе се заврши проектот, ќе се знае вредноста на донацијата.

-Објектот е со години наназад руиниран, нефунционален, своевремено бил изграден со намена да го користат жителите од оваа населба, меѓу другото и за спортска сала, но со оглед на тоа што никогаш досега не бил адаптиран, одлучивме, еве, на потреба и барање на жителите, да го адаптираме овој објект. Во соработка со општествено-одговорни компании веќе се работи на поставување нова кровна конструкција, панели, во наредните денови и месеци овде исто така ќе се работи на соодветна подлога, на уредување и адаптирање на внатрешноста од самата сала и на тој начин ќе го заокружиме процесот, рече Јорданов.

Тој очекува овој објект да биде завршен за најмногу два месеца. Посочи дека освен учениците, спортската сала ќе ја користат и другите жители на Караорман. Спортската сала ќе биде во рамки на училиштето во Караорман, кое е подрачно училиште на централното „Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци. Но, територијално населеното место Стар Караорман потпаѓа под општина Штип



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2024 02:14