До крајот на работната недела времето ќе биде стабилно и суво, но утринските температури ќе бидат во опаѓање, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според најавите, утре ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието и во источните делови од земјата.
Времето денеска променливо облачно, со локален слаб дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.
Времето во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува.