Со симболично закројување винови лози, денеска беше одбележан Свети Трифун во Кавадарци, верскиот празник што се смета за заштитник на градот и лозарите и винарите.

Во присуство на гости и амбасадори , градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев нагласи дека традицијата е таа што сплотува, посака квалитетно грозје и вино направено од него. Јанчев рече дека „со новата Влада предводена од ВМРО - ДПМНЕ, ќе има подобри услови за лозаровинарство“.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, посака добар род, висока откупна цена на лозарите. Само така, рече, ќе се подобри состојбата во економијата и земјоделието.

-Она што може да се забележи кај жителите во овој дел од Македонија е огромната желба и порака дека потребни се промени. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ како што кажа градоначалникот, влада која што ќе додаде вредности и ќе ги подобри условите на лозарите, а со тоа практично уште еднаш ќе повторам, ќе се подобрат и перформансите во македонската економија, подвлече Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2024 23:25