Лозарите и од поширокиот велешки регион на Општините Велес, Градско и Чашка по традиција и годинава на денот на Свети Трифун денеска ги закроија своите лозови насади на празникот на лозарите и винарите.
Во присуство на свештеници од Повардарска Епархија традиционална прослава во Велешко за Св Трифин и оваа година се одржа на лозовите насади на поранешниот Агрокомбинат „Лозар“, а сега во сопственост на повеќе лозари и винарии.
Такво закројување во присуство на свештеници од Повардарската Епархија денеска по традиција се одржа и во Винарија „Шато Сопот“, која располага со сопствено лозови на 100 хектари и сопсвтено производство. Винаријата е во непосредна близина на патарината од автопатот Скопје-Велес на само еден километар од велешкото езеро „Младост“.
Закројување имаше и во Винаријата „Стоби“ кај Градско која исто така располага со сопствени лозиви насади и сопствена винарија за производство.