Од Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР за МИА изјавија дека сообраќајот и преминувањето на границата со Република Грција на трите гранични премини-Богородица-Евзони, Стар Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники се одвива нормално и без застои.

Според началникот на РЦ Југ, Славчо Богев, освен блокадите од пред неколку денови на влез во Грција од преминот Меџитлија, нема најави за блокади на копнените влезови од страна на грчките земјоделци.

Инаку, за денеска беше најавено дека преминот Евзоби ќе биде блокиран од 13 до 15 часот за влез на камиони, а според грчката телевизија ЕРТ пак е најавено дека од 18 до 20 часот по македонско време Евзони ќе биде блокиран за сите возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2024 01:58