Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во прва официјална посета на Тирана, каде ќе престојува осум часа.

На меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ беше пречекан од министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, кој во објава на социјалните мрежи во која меѓу другото нагласува дека „посетата ќе ги зајакне партнерството и стратешката соработка на Албанија со САД, нашиот стар сојузник, изградени врз цврста основа меѓу нашите земји и народи“.

-Добре дојдовте Ентони! Задоволство ни е да му посакаме добредојде на државниот секретар Ентони Блинкен на неговата прва официјална посета на Албанија. Посетата ќе ги зајакне партнерството и стратешката соработка на Албанија со САД, нашиот стар сојузник, изградени врз цврста основа меѓу нашите земји и народи. Исклучително сум благодарен на секретарот Блинкен за неговата непроценлива поддршка и соработка, напиша тој.

Дилемата, која неколку дена е присутна во медиумите и јавноста дали тој ќе се сретне со првиот човек на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани.

Амбасадата потврдува дека, освен средбите со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама ќе се сретне и со „раководството на правосудниот систем“ што според медумите, тоа е Думани.

По потврдата медиумите се прашуваат дали Блинкен носи список на лица кои САД ќе ги прогласи за непожелни. Инаку, токму Блинкен во мај 2021 година го прогласи поранешниот албански претседател и екс премиер, Сали Бериша, за персона нон грата, поради вмешаност во корупција.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2024 14:15