После цели шест години битка, конечно Иницијативата против урбаното дивеење може да прогласи победа!

Имено на денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров е усвоен ДУП-от СЗ 16 кој конечно предвидува урбанизација и многу нови зелени површини за централниот дел од општината.

Со овие проекти конечно централното подрачје во нашата општина ќе добие објекти кои се од исклучителна важност за непречено секојдневно функционирање и голем број на нови зелени површини.

Шест години нашата битка беше против насилна бетонизација на општината. Конечно имаме слух за нашите барања.

Новите паркови и зелени површини конечно стануваат реалност.

Упатуваме искрена благодарност за соработката до Министерот за одбрана, Славјанка Петровска, Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Оваа е една убава историја за сите Ѓорчепетровци и пример како треба да се работи во интерес на граѓаните!



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2024 18:58