Ние како Иницијатива против урбаното дивеење, цели шест години водиме битка и преговаравме со надлежните институции со цел да се инкорпорираат нашите предлози и барања во овој ДУП.
Конечно после шест години макотрпна работа, нашите барања се слушнати и се инкорпорирани, но за жал Данела Арсовска продолжува да работи на штета на граѓаните.
Данела Арсовска одбива да не прими на разговор, со цел да ги соопштиме нашите барања и предлози кои се однесуваат на овој ДУП, а со кој градот Скопје ќе излезеше во пресрет на нашите барања.
Со оглед дека нè спомена директно, сакаме да потенцираме дека единствено Данела Арсовска е таа која го кочеше инкорпорирањето на нашите барања во овој ДУП.
Ниту еднаш не одговори на нашите барања за средба, а прашањето за нејзиниот личен интерес во парцелите, ќе го отвориме друг пат.
Уште еднаш упатуваме искрена благодарност до Министерството за транспорт и врски, Министерството за одбрана и општина Ѓорче Петров за слухот кои го имаат кон нашите барања и искрено веруваме дека оваа нивна постапка ќе ја следи град Скопје и Данела Арсовска.
Истовремено позитивни мислења за овој Урбанистички план дадоа и Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за образование, Министерството за труд и социјална политика, скопски Водовод и Агенцијата за катастар.
Доста е од деструктивно работење кое е само на штета на нашите сограѓани. Иницијатива против урбаното дивеење.