Американската банка Морган Стенли креирала фиктивна позиција во Франкфурт со годишна плата од 375.000 евра за формално да ги задоволи насоките на Европската централна банка (ЕЦБ), пишува Фајненшл Тајмс (FT) повикувајќи се на анонимни извори.

По Брегзит, европските власти препорачаа меѓународните банки да управуваат со нивните европски операции не од Лондон, како што беше случајот кога Велика Британија беше во Европската Унија, туку од земјите што го задржаа членството во ЕУ.

Неименуван банкар неодамна пред судот во Франкфурт сведочеше дека во април 2021 година добил функција во канцеларијата на банката во Франкфурт како директор за „трговски операции со кредитни инструменти“ со годишна плата од 375.000 евра.

Вишите менаџери, во доверба, го информирале дека функцијата главно постои само на хартија и го советувале„активно да не ја спомнува својата позиција“ во јавност.

Името на банката не беше откриено на судското рочиште, но ФТ јавува дека се работи за Морган Стенли.

Американската банка го оспори гореспоменатото сведоштво пред судот, а Морган Стенли и Европската централна банка сè уште официјално ги немаат објавено своите ставови за оваа ситуација



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2024 15:26