•Владата се задолжи со нови 315 милиони евра на домашниот пазар од почетокот на оваа година до распишување на изборите, односно до 15 февруари. Ова задолжување е поголемо дури за 281 милиони евра во однос на истиот период од минатата година, што е пораст за околу 840%!

•Ова ново задолжување Владата го користеше најмногу за финансирање на буџетскиот дефицит кој беше генериран во овој период. Имено, Владата во овој период потроши 763 милиони евра, а од даноците, придонесите и другите приходи во буџетот влегоа 555 милиони евра. Оваа негативна разлика (буџетски дефицит) од 208 милиони евра е поголема дури за 101% во однос на истиот период од минатата година.

•За што трошеше Владата, односно државните органи и институции во овој период повеќе од истиот период минатата година? Трошоците за плати и надоместоци на вработените во министерствата, органите и институциите се поголеми за 20%. Пензиите, социјални надоместоци и други слични трансфери, кои се претежен дел од буџетските трошења, се зголемени за 28%.

•Во истиот период, кај буџетските приходи потфрли наплатата на даноците.Особено потфрли наплатата на ДДВ, при што се собрани средства помалку за 1/3 од минатогодишната наплата (99 милиони евра собрани во 2024 год., наспроти 149 милиони милиони евра собрани во 2023 год.).



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2024 17:40