Во населеното место Ајватовци денеска е пуштено во употреба новото детско игралиште со детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи и панелна ограда.

Од Општина Илинден информираат дека градоначалникот Александар Георгиевски денеска го посетил новото детско игралиштe и притоа истакнал дека ова игралиште претставива континуитет на успешните проекти, а дечињата и од ова населено место добиле убаво уреден простор за игра и рекреација.

Воедно од општината најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со реконструкција на постојните и изградба на нови детски игралишта во останатите населени места.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2024 21:57