Македонските компании покажуваат голема разочараност, бидејќи трпат последици од досегашните економски мерки и политики, изјави денеска дополнителната министерка за финансии, Елена Петрова по средбата со претставниците на бизнис секторот во Штип. Посочи дека во изминатите денови имала средба и со претставници на бизнис секторот и во Кочани, Пробиштип, Виница и Свети Николе, а според она што и било презентирано од бинзис заедницата има индустрии во источниот регион, кои се во замирање, какошто се текстилната, мелничко-пекарската и месопреработувачката индустрија.

-Сите овие индустрии трпат лоши последици заради политиките, политиката на попустливост во примената на договорите,трговските договори. Лошите политики за субвенционирање, едноставно нелојалната конкуренција на којашто се изложени политиките за справување со инфлацијата, рече Петрова.

Прашана кои мерки ги бараат претставниците на бизнис секторот за ревитализирање на македонското стопанство, Петрова со одговор дека барањата и предлозите на стопанствениците е да имаат вистинска поддршка за модернизација и технолошко-технички развој на компаниите.

-Поддршка за вистински иновации, а не некакви измислени иновации, потребно е да се подобрат политиките во однос на можностите за користење на работната сила. Заради тоа што е еден од првите и најгорливи проблеми со коишто се соочуваат, рече Петрова.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов по денешната средба со бизнис секторот изрази загриженост дека во наредните години Штип ќе се соочи со замирање и затворање на поголем дел од текстилните компании.

-Повеќе од 5.000 луѓе во наредните години ќе бидат засегнати од глобалната економија, од покачувањето на цените на пазарот на труд, од тоа што самата минимална плата влијае врз нивната дејност е и дека Општина Штип ќе биде најповеќе погодена. Затоа се потребни конкретни мерки во оваа индустрија, за да сите овие луѓе не останат невработени и да не бидат на терет на државата, туку да се помогне на оваа стопанска гранка, вели Јорданов.

Тој посочи дека бизнис секторот се пожалил и на големото ниво на корупција, нефункционалноста на институциите и затоа во овој дел мора да има промени, а институциите да бидат сервис на граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2024 17:38