Судскиот совет на Република Северна Македонија, на денешната седница утврди престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на четворица судии како и на четворица поротници, по сопствени барања.
Сите пензионирани судии доаѓаат од Апелационото подрачје Битола. Од Апелациониот суд Битола се пензионираше судијката Лиле Наумовска, како и претседателот Петре Србиновски, додека, од Основен суд Битола, судијата Орхан Асим и судијката Елизабета Манели Ташевска.
За вршител на должност претседател на Апелационен суд Битола, Советот го избраа судијата Александар Камбовски.
По сопствени барања, поротници повеќе нема да бидат Катерина Атанасова Здравевска од Апелационен суд Скопје, Гоце Биковски од Основен суд Берово, Маја Цоломоновска од Основен суд Гостивар и Ружди Шемо од Основен суд Охрид.
Советот денеска расправаше и по одлука на Управен суд во врска со пензионирањето на судијата Зоран Теофиловски од Апелационен суд Гостивар, со што донесе одлука со која решението на Судски совет од 15.6.2021 година се огласува за ништовно, на Зоран Теофиловски, судија на Апелационен суд Гостивар, мандатот му престанува заклучно со 30.6.2022 година поради услови за исполнување на старосна пензија.
Во врска со приговорот на членот Мери Радевска, за која Советот неодамна донесе одлука за престанок на нејзината судиска функција, за престанок на мандат на член на Советот и за престанок на работниот однос, Советот увиде дека приговорот не е потпишан и донесе заклучок со кој ќе се побара произнесување од страна на Мери Радевска, со допис да потврди дали останува на приговорот, а доколку останува, истиот да го потпише.
Барањето на Александар Шопов, судија на Апелационен суд Скопје, за надомест на трошоци за превоз како судија кој живее во една, а работи во друга општина, не беше усвоено, исто како и приговорите од судиите Верка Костовска и Бетим Јахја од Основен суд Тетово, поднесени против Годишен распоред за работа на Основен суд Тетово кои беа отфрлени, со појаснување дека Советот е ненадлежен.
На денешната седница беа усвоени и извештаите за работна посета на Апелационен суд Скопје и Основен суд Охрид. Извештајот за Охрид беше усвоен со забелешка да преземат дејствија за да се констатираат причините за ненавремено постапување.
Во моментов, Советот го разгледува прашањето за начинот на постапување на Советот, по донесувањето на Одлуката на Собранието на Република Северна Македонија за распишување на претседателски и парламентарни избори