Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски денеска одржа работен состанок со директорите на основните училишта од општината, како и со директорката на детската градинка „Росица“, на кој било разговарано за хигиената на здравјето децата, како и за важноста на вакцинацијата.

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека на работниот состанок, како стручни лица од здравството присуствувале д-р Марина Пентовска, д-р Маја Даневска Десовска, д-р Катерина Цветковска Стаменковска и д-р Валентина Тотиќ од Поликлиника Ѓорче Петров.

- На состанокот се потенцираше итноста за тоа дечињата да имаат направено систематски преглед, да се изврши процесот на задолжителна вакцинација, како и да се обрне внимание на тоа дечињата да имаат уредна стоматолошка слика, се со цел да се избегнат несакани последици и епидемиолошки појави во текот на учебната година, вели Стојкоски.

Тој потенцира дека должност на возрасните, а и како одговорни лица во Општината и во образовните колективи, е да се стори сè што е во нивна моќ, најмладите жители да бидат здрави и да бидат подготвени за следење на наставата во текот на целата година.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2024 21:10