На почетокот на оваа недела Крива Паланка и Струмица станаа епицентри на младинскиот активизам и иновативност, прославувајќи три години од постоењето на Јуроп хаус во овие градови. Овие настани не само што ја одбележаа посветеноста на Јуроп хаус во аспирациите и креативноста на младите туку и ја потврдија нивната улога како катализатор за општествена трансформација. Преку динамичен базар во областите што се движат од роботика до музика и дискусии што предизвикуваат размислување за усогласување на страста со кариерата, Јуроп хаус уште еднаш се покажа како светилник за новата генерација, охрабрувајќи ги младите умови да ја создадат иднината.

Во Крива Паланка, активностите се основаа околу базарот на младински иновации и вештини, прикажувајќи проекти од роботиката, вештачката интелигенција, електротехниката, гастрономијата, екологијата и музиката. Овој настан обезбеди платформа за младите иноватори да ја покажат својата генијалност, а присутните да уживаат во футуристичко истражување на младите таленти од североисточниот регион. „Кога ќе влезете на ова врата, запомнете дека Јуроп хаус Крива Паланка не е местото каде што Европската унија завршува; напротив, ова е портата кон Европската унија и вашата европска иднина“, истакна амбасадорот Гир во неговата роденденска честитка.

Од друга страна, Струмица беше домаќин на панел-дискусија на тема „Хармонизирање на страста и кариерата“, во која учествуваа влијателни личности како Миљана Кацарска, доктор по психологија; Александар Динев, млад инфлуенсер на „Тикток“; Наталија Лубеска, занаетчиски уметник; и Горан Митров, успешен млад менаџер. Панелот ги инспирираше присутните со мотивациски говори, фокусирајќи се на усогласувањето на личните страсти со професионалните амбиции, тема што длабоко допре до сите присутни на настанот. „Искрено се надевам дека Јуроп хаус Струмица ќе го задржи целиот овој квалитет, таа ја прави и ќе продолжи да ја прави разликата и во иднина. Се надевам дека во Јуроп хаус Струмица младите нема да ги препознаваа само вредностите што им се блиски ним туку ќе се подготвуваат и за иднината и ќе ја водат земјата низ европскиот пат“, рече Гир во неговото обраќање во Струмица.

Во текот на овие три години, Јуроп хаус Крива Паланка и Струмица беа домаќини на над 1.000 настани, кои беа посетени од речиси 50 илјади посетители. Само лани, Крива Паланка беше организатор на 177 настани во кои присуствуваа над 6.500 учесници, додека Струмица беше домаќин на околу 200 настани, кои беа посетени од речиси 7.000 посетители. Овие импресивни бројки ја нагласуваат виталната улога што ја играат овие места на новата генерација и што ги прави незаменливи за младите од овие локални средини.

Мрежата на Јуроп хаус во Скопје, Велес, Битола, Струмица и Крива Паланка, за скоро време ќе се прошири со нови отворања во Тетово и Струга, со што ќе се прошири и достапноста на Јуроп хаус, како и нејзината посветеност во понудата за нови можности кај младите кои досега беа надвор од нејзиниот физички дофат и со што ќе им се олесни патот до реализација на нивните идеи и иницијативи.

Гледајќи напред, и оваа година Јуроп хаус подготвува низа активности што ќе имаат цел позитивно да влијаат на локално и на национално ниво и да докажат дека Јуроп хаус е „Местото на новата генерација“ и дека патот кон иднината го водат младите.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2024 22:14