12 милиони тони хидројаловина уште смртоносно го трујат Пробиштип со тешки метали, иако решавањето на проблемот беше главно ветување на градоначалникот Анастасов и на СДС во 2021 година.

До 2023 година или ќе го затворам старото јаловиште или ќе си дадам оставка, нема да чекам избори за да бидам сменет, мандат не ми треба, вака ветуваше Анастасов од СДС во 2021 година.

Решение постои, проект постои, пари беа обезбедени, а јаловиштето до градскиот пазар се уште загадува со канцерогените олово, кадмиум, цинк, жива, железо, бакар, арсен, ураниум и хемикалии како бакар сулфат, натриум цијанид, калциум оксид и калциум карбонат.

Анастасов го заборави ветувањето и бесрамно наместо за здравјето на сограѓаните за затворање на јаловиштето, турка бизнис со фотоволтаици!

Прашањето зошто и по осум години од постоење на проектот Пробиштип се уште се загадува и се нарушува здравјето на граѓаните, наскоро ќе биде детално одговорено.

Никогаш не било полошо Важно е да ги поразиме.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2024 17:21